Connect with us

Фудбал

Кога мислите дека сте виделе се: Не знаеше што потпишува и сега мора да игра

Љубителите на фудбалот денес беа шокирани од информацијата дека англискиот дефанзивец Џолеон Лескот се враќа на терените по пауза од три години.

Поранешниот репрезентативец Гордог Албион ја прифати понудата на шпанскиот тим Расинг Мурсија и потпиша договор со нив за мечот од Купот на кралот против Леванте.

Сепак, Лескот не знаеше дека ќе игра на официјалното натпреварување. Мислеше дека потпишува договор за настап на егзибиционен натпревар.

На крајот, 38-годишниот поранешен фудбалер ќе игра во Купот на кралот. Ќе видиме како изгледа сето тоа во декември кога Мурсија ќе се соочи со Леванте.

Лескот во богатата кариера играше за Вулверхемптон, Евертон, Манчестер Сити, ВБА, Астон Вила, АЕК и Сандерленд, каде се збогуваше во 2017 година.