Connect with us

Фудбал

„Кога на Барселона му оди лошо, секогаш е виновен странецот, јас го поминав она што Куман го доживува сега“

Холандскиот стручњак Луис ван Гал го поддржа Роналд Куман, кој е цел на критики за лошите игри на Барселона оваа сезона.

Барселона не ја отвори многу добро новата сезона, а навивачите бараат од клубот да го отпушти Куман, кој не се снајде најдобро на тренерската позиција на каталонскиот клуб.

Сепак, Жоан Лапорта му даде поддршка на Куман, кој ќе остане тренер на Барселона уште некое време, бидејќи клубот очигледно не може да си дозволи да потроши огромни суми пари за обештетување на холандскиот тренер.

За тоа зборуваше и Ван Гал, кој беше тренер на каталонскиот клуб пред околу 20 години и се најде во слична ситуација.

Барселона тогаш не блескаше, а многумина го критикуваа Ван Гал, поради што често можевме да видиме како му мавтаат со бели марамчиња на „Камп Ноу“ и бараа од него да поднесе оставка.

Ван Гал му даде поддршка на Куман и рече дека во Барселона прво ги обвинуваат странците за неуспесите, а дури потоа домашните играчи или членови на клубот.

„Секогаш кога на Барселона и оди добро и кога ќе донесе големо засилување како Френки де Јонг, никој не кажува ништо. Штом Барселона започнува лошо, странците во клубот веднаш се виновни за се. Сега ова е случај со тренерот, каде Роналд Куман е виновен за сите“, рече Ван Гал, додавајќи.

„Во случајот на Куман, историјата се повторува, истото ми се случи и мене. Јас би му препорачал на Роналдо да не обрнува премногу внимание на критиките на медиумите и навивачите. Серхио Бускетс во Барселона зазема став дека Френки де Јонг треба да игра. Френки е мојот играч од средниот ред. И јас бев играч од средниот ред како фудбалер. Играчите од средниот ред обично не треба да трчаат многу, но Френки трча. Понекогаш можам да кажам дека тој трча премногу непотребно“.