Connect with us

Фудбал

Кога Реал ќе добие нов тренер?

По заминувањето на Зинедин Зидан, почнаа шпекулациите за неговата замена и речиси сите големи експерти се поврзуваат со клупата на „кралскиот“ клуб.

На понудата се заблагодариа на Антонио Конте и Маурисио Почетино, кои беа главните желби на претседателот, Флорентино Перез, а со преземањето на шампионот на Европа сега се поврзува Гути, Фернандо Јеро, Маурицио Сари, исто така и тренерите на репрезентациите на Германија и Бразил, Јоаким Лев и Тите.

Кралевите треба да добијат нов тренер до четврток. Менаџерскиот тим сака сето тоа да го завршат до почетокот на Светското првенство, а кој ќе го води тимот од Мадрид во следната сезона ќе се знае во наредните денови.

Засега главниот кандидат е Гути. Извесно е дека 42-годишниот стручњак работата ќе ја добие ако Перез не успее да се ангажира некое големо име, но за тоа шансите сега се многу мали.

„АС“ пишува дека Реал уште еднаш ќе се обиде да го договори Маурисио Почетино. Но сепак во четврток останува да видиме кој ќе застане на клупата на Реал.