Connect with us

Фудбал

Кој би можел да ја напушти Барса летото од главните sвезди?

Барселона се подготвува за големи промени ова лето по уште една разочарувачка сезона.

„Мундо Депртиво“ утрово објави дека на крајот од оваа сезона нема да има недопирливи во соблекувалната на Барселона и дека е можно секој фудбалер да го напушти клубот доколку дојде задоволителна понуда.

Најавено е дека клубот наскоро ќе договори средба со Жерард Пике, Серхио Роберт, Серхио Бускетс и Антоан Гризман и ќе побара од нив да се согласат на значително помали плати отколку што имаат во моментов.

Тие се меѓу играчите кои заработуваат најмногу во Барселона, но во клубот не се многу задоволни од нивните игри. Доколку некој од играчите одбие да ја намали платата, тогаш тој ќе биде ставен на трансфер листата.