Connect with us

Тајмаут

Кој е најдебел, кој најстар, а кој е највисок на СП?

Највисок на Светското првенство во Русија ќе биде Хрватот, Ловро Калиниќ со 201 сантиметар, а најнисок ќе биде Алберто Кинтео со само 165 сантиметри.

Вкупно за настап на Светското првенство имаа аплицирано 736 играчи, а најстар е 45 годишниот Есам Ал Хадари од репрезентацијата на Египет кој има 45 години.

Најмлад на Светското првенство ќе биде 19 годишниот Австралијанец Даниел Аржани, роден 1999 година.

Најтежок е панамскиот репрезентативец Роман Торес со 99 килограми.

Најлесен по тежина е јапонецот Такаши кој има само 59 килограми.