Connect with us

Фудбал

„Кој е тој Челзи, дали е тоа некоj клуб или…?“

Агент на Маурицио Сари даде интересна изјава и отиде толку далеку што тој не знае кој е Челзи.

Наводно, разговорите се прекинати меѓу Челзи и Сари, кој неодамна го напуштил Наполи. Тој се уште е под договор со Наполи и не може да оди во друг клуб, а во неговиот договор постои откупна клаузула од осум милиони евра за клубот што го сака Сари да плати ако не сака да чека до крајот на договорот.

Агентот на Сари, Алесандро Пелегрини, изненади со коментарот за целата ситуација.

„Не знам кој е Челзи, дали е тоа фудбалски клуб? Знам само за Наполи. Да знам што ќе се случи, би купил лотарија“, рече Пелегрини.

Антонио Конте се уште е менаџер на Челзи, кој ќе мораше да му плати 20 милиони евра на Конте, доколку го отпуштат, а сето ова создава проблеми за „сините“, кои очигледно мора да најде вистинското решение за оваа ситуација.