Connect with us

Фудбал

Кој го избрка Деулофеу од Барселона?

Шпанскиот фудбалер Жерар Деулофеу на почетокот на оваа година реши да ја напушти Барселона и да замине за Ватфорд како позајмен играч до крајот на оваа сезона.

Каталонскиот клуб го врати Деулофеу на Камп Ноу на почетокот на оваа сезона откако решија да го откупат неговиот договор од Евертон. Сепак, овој играч не остана долго во првиот тим откако Ернесто Валверде кажа пред неколку месеци дека повеќе не смета на него.

Деулофеу одлучи да застане на позајмица во Ватфорд, а пред неколку дена изјави дека нема намера да се врати во Барселона, бидејќи не го сакаат во тој клуб. Шпанските медиуми објавија дека Деулофеу не е во добри односи со некои играчи на Барса.

Наводно, Деулофеу пред неколку дена зборуваше со неговиот пријател од екипата на Реал Мадрид, Даниел Себалос, на кој му ја откри причината зошто тој ја напушти Барса и зошто тој не сака да се врати. Како што пренесува Диарио Гол, Деулофеу му рече Себалос дека Лионел Меси е главен виновник поради кој го напуштил клубот, и дека Аргентинецот го избркал од Барселона.