Connect with us

Фудбал

Кој го пропушта Мундијалот, Бензема го комплетираше списокот

Голем број ѕвезди ќе го пропуштат отворањето на Светското првенство во Катар поради повреди. Листата последен пат ја комплетираше актуелниот освојувач на Златната топка Карим Бензема. Тој беше исклучен поради повреда на мускулот. На шампионатот на планетата нема да учествува и неговиот соиграч во француската репрезентација Пол Погба.

Еве кои ѕвезди ќе го следат Светското првенство на ТВ не затоа што нивната земја не успеа да се квалификува, туку затоа што се недостапни во лош период од сезоната.

Пол Погба (Франција)

Погба веќе со месеци е на списокот на повредени. Тој беше опериран на коленото во септември и се уште се опоравува.

Н’Голо Канте (Франција)

Играчот од средниот ред има повреда на коленото и ќе биде опериран.

Тимо Вернер (Германија)

Напаѓачот на РБ Лајпциг го повреди скочниот зглоб за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк и е надвор од терените до крајот на годината.

Рис Џејмс (Англија)

Тој се уште се опоравува од повредата на коленото што ја заработи во октомври и одби да одговори на повикот за Катар.

Диого Јота (Португалија)

Напаѓачот го пропушта турнирот поради повреда на потколеницата.

Педро Нето (Португалија)

Нето имаше операција на скочниот зглоб по натпреварот на Вулверхемптон против Вест Хем во октомври.

Бубакар Камара (Франција)

Играчот од средниот ред е повреден на лигаментите на коленото од септември и тоа ќе го спречи да учествува на Светското првенство.

Артур Мело (Бразил)

Играчот од средниот ред се мачи од повреда на мускулот што ја заработи во октомври.

Скот Кенеди (Канада)

Канадскиот дефанзивец е надвор од Светското првенство поради компликации од повредата на рамото што ја заработи на вториот натпревар од Бундеслигата.

Исус Корона (Мексико)

Мексиканецот го скрши левиот зглоб и беше опериран.

Џовани Ло Селсо (Аргентина)

Тој има проблеми со коленото и нема да учествува на Светското првенство.

Марко Ројс (Германија)

Капитенот на Борусија Дортмунд има повреда на скочниот зглоб и не може целосно да се опорави за уште едно Светско првенство.

Бен Чилвел (Англија)

Тој се опоравува од повредата на тетивата.

Пренел Кимпембе (Франција)

И играчот на ПСЖ има проблем со тетивата.

Јута Накајама (Јапонија)

Отпадна од Светското првенство поради повреда на Ахиловата тетива.

Садио Мане (Сенегал)

Садио Мане заработи повреда во последен момент пред почетокот на Светското првенство додека настапуваше за Баерн Минхен.

Кристофер Нкунку (Франција)

Напаѓачот има проблеми со левото колено. Повредата ја доби на тренинг.

Хозе Гаја (Шпанија)

Шпанскиот репрезентативец има повреда на скочниот зглоб која ја заработи на тренинг.

Карим Бензема (Франција)

Актуелниот освојувач на Златната топка ја комплетира листата. Тој е последната голема ѕвезда која отпадна од Светското првенство во 2022. Бензема заработи повреда на мускулот на еден од последните тренинзи.