Connect with us

Фудбал

Кој ќе биде наследник на Зидан?

Според „Марка“, главниот фаворит е менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино. Аргентинецот неодамна го обнови договорот со „петлите“, но шпанското издание тврди дека тој го направил тоа со услов дека ако биде поканет од Реал Мадрид, Даниел Леви треба да го пушти. Според други извори, постои клаузула во новиот договор на Почетино, кој Перез може без проблем да го плати.

Според медиумите во Шпанија, голем фаворит е и Арсен Венгер, кој неодамна го напуштил Арсенал по 22 години во клубот.

Другите споменувани имиња се на поранешниот играч на Реал – Гути, кој во моментов го води тимот до 19 години, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, селекторот на Германија Јоаким Лев, како и Антонио Конте, кој сигурно ќе го напушти Челзи.