Connect with us

Фудбал

Која иронија: Шкендија прогласена за фер-плеј екипа на годината во Македонија

На гала свеченоста на ФФМ која вечерва се одржа по повод прогласување за најдобрите во изминатата сезона,  актуелниот шампион Шкендија се закити со неколку поединечни, но и екипини награди.

Но она што привлече посебно внимание, а притоа се разви и жестока дебата на социјалните мрежие е одлуката на ФФМ на тимот од Тетово да се даде наградата за фер-плеј.

Се наметнува прашањето по кој критериум само Шкендија ја доби оваа награда кога безмалку и да немаше меч кога нивните навивачи и публика навредуваа на етничка основа, но и упатуваа разни поградни зборови за противничките екипи. Патем имаше и низа инциденти каде што противнички играчи беа гаѓани со разни предмети.

Впрочем многумина се сеќаваат и на однесувањето на самите фудбалери на Шкендија, односно погрдните зборови кон Вардар.

Инаку, кога сме кај фер-плејот, делегатите на сите натпревари имаат должност после секоја средба да направат фер-плеј листа која што се доставува до ФФМ. Па се наметнува прашањето, дали делегатите кои биле на дуелите на Шкендија и покрај се им давале најдобри оценки.