Фудбал
Коларов стана играч на Интер
Милано, 8 септември 2020 (МИА) – Дефанзивецот Александар Коларов се пресели во Интер. Ова е објавено на официјалната веб-страница на клубот. Претходно Коларов играше за Рома. Деталите за договорот не се соопштени.
Според италијанските медиуми, договорот бил потпишан според шемата „1 + 1“, а играчот ќе заработува 3,5 милиони евра годишно.
Триесет и четиригодишниот Србин минатата сезона одигра 42 натпревари за Рома и постигна седум голови и пет асистенции. зс/