Connect with us

Фудбал

Колина: Судиите не сакаат критики, но мора да бидеме отворени за технолошките промени

Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, во однос на ВАР технологијата која станува се позастапена во фудбалот, истакнува дека судиите не сакаат да бидат критикувани за нивните грешки, но дека е неопходно да се биде отворен за новите достигнувања.

– Не мислам дека нема иднина без ВАР, но живееме во време кога технологијата е значаен дел од животот. Во минатото таа не беше на ова ниво, а сега напредува секојдневно. Јасно е дека ниту еден судија не сака да прави грешки  и да биде критикуван заради тоа. Мораме да бидеме отворени за промени, бидејќи на крајот само резултатот е важен, потенцира 58-годишниот Колина за „Газета дело спорт“.

ВАР технологијата се употребува во повеќе европски лиги, а неодамна беше употребена и на Светското првенство во Русија.

Колина пред десетина дена од лични причини се повлече од функцијата претседетел на Судискиот комитет при УЕФА.