Фудбал
Комична средба на Мбапе со Зидан: „Дали да ги соблечам патиките?“
Килијан Мбапе со години се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Одличниот француски фудбалер никогаш не криел дека сака да го носи дресот на кралевите, а таа желба би можела да му се исполни следното лето кога ќе стане слободен играч.
Мбапе често бил во Мадрид како тинејџер. Беше на проба, а како 14-годишник имаше несекојдневна средба со легендарниот Зинедин Зидан.
Зизу потоа работеше како асистент во Реал Мадрид и доби задача да биде на услуга на младиот Мбапе. Тој ја прифати оваа задача и на младиот сонародник му подари незаборавни моменти.
Мбапе потсети на средбата со Зидан во 2013 година.
„Никогаш нема да го заборавам тој настан. Имав 14 години и го видов Зидан. Се сретнавме на паркингот на стадионот. Возеше страшен автомобил, се ракувавме и се понуди да ме повози“, рекол Мбапе и ја продолжува приказната.
„Тој покажа на предното седиште и ми рече да влезам. Се замрзнав и прашав: „Дали да ги соблечам патиките? Не знам зошто го прашав тоа, но сепак, тоа беше автомобилот на Зидан“.
„Тој се насмеа и рече: „Секако дека не. Влези“. Ме однесе на тренинг, а јас си помислив: „Седам во колата на Зидан. Јас. Килијан Мбапе. Ова не е реално“, се присети фудбалер на ПСЖ.
Мбапе следното лето ќе го напушти ПСЖ, а дали Мадрид навистина ќе биде неговата следна дестинација ќе видиме.