Фудбал
„Комити“ се виновни за ривалството со „Чкембари“?
Битолчани велат дека за настанувањето на ривалството помеѓу „Комити“ и „Чкембари“ виновни се „Комитите“.
Се започнало во сезоната 1989/1990 и натпреварот кој Вардар го играл против Црвена Звезда во Скопје. Во овој натпревар поддршка во име на Македонија на Вардар одлучиле да му пружат и десетина „Чкембари“, што во денешно време е нешто незамисливо.
„Чкембарите“ кои го поддржувале Вардар биле сместени на западната трибина и одеднаш, без никаква причина тие биле нападнати и претепани од стотина „Комити“. Од овој ден омразата и ривалството помеѓу овие два клуба се зголемила да тоа ниво, што и ден денеска како што кажавме е незамисливо „Комита“ да му дава поддршка на Пелистер или обратно.