Connect with us

Фудбал

„Комити“ тврдат: Артим Шаќири нашол спасител за Вардар, но никој не го контактирал

На официјалната фан пејџ страница на навивачката група на „Комити“ се појави инфо дека Артим Шаќири, легендарниот македонски репрезентативец пронашол компанија која била заинтересирана за влез во ФК Вардар, но никој не го контактирал.

– И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за инвестирање во Вардар, преку извесна Шпанска Компанија?

Известени се и во ФК Вардар, известен е и градот Скопје, но никој не го контактирал сеуште. Зошто, имате некое решение или алтернатива, пишува на ФБ страницата.

 

И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за…

Posted by Komiti Skopje on Sunday, 14 March 2021

Пред неколку дена навивачите собраа 3,3 милиони денари преку акцијата „билет за спас на Вардар“, а парите завршија кај играчите. Досега неколку пати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов изјавуваше дека Град Скопје не може да го преземе Вадар се додека има големи долгови. По заминувањето наа Сергеј Самсоненко, најтрофејниот клуб остана во долгови и неисплатени обврски во висина од 3,5 милиони евра.