Connect with us

Фудбал

Конечно убава вест за навивачите на Ливерпул

Голема неволја е моментално за Ливерпул и Јирген Клоп, но има една позитивна вест во целата приказна.

Клубот од „Енфилд“ е во низа лоши резултати, а „Еурспорт“ објави дека финансиската состојба не е на нивото како што беше порано. Договорите на Мохамед Салах и Виргил ван Дијк истекуваат наскоро, а според нашите претходни пишувања, Ливерпул ќе може да го продолжи договорот само на еден играч, со оглед на моменталната состојба во „касата“.

Сепак, има добра вест за Ливерпул низ целата приказна.

Вригл Ван Дијк успешно се опоравува и веќе можеше да се види на теренот на почетокот на март, пренесуваат англиските медиуми. Клоп е во големи проблеми, Фабињо и Хендерсон се принудени да играат стопери, Матип е повеќе повреден отколку здрав, па враќањето на Ван Дајк во март би им дал исто толку оптимизам на навивачите на „црвените“ на крајот на сезоната.