Други спортови
Конор Мек Грегор бара помош од ирската армија
Sвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, ја повика ирската армија да излезе и да ја преземе контролата врз ситуацијата.
Како и во сите земји, коронавирусот брзо се шири и во Ирска, така што има бројни апели до граѓаните да останат во своите домови, но овие правила не се почитуваат целосно.
Затоа, Мек Грегор ја повикува ирската армија да им помогне на граѓаните да бидат затворени во домовите и со тоа да се спасат од заразата.
„Нашите одбранбени сили беа наведени како можност да им помогнат на нашите 15.000 полицајци на располагање, но само доколку е потребно. Сепак, тоа е неопходно“, рече Мекгрегор, додавајќи:
„Ништо помалку од целосното почитување на овие методи неодамна направени од кој било член на нашето општество, не само што ќе го исмејува она што ние се обидуваме да го направиме, тој исто така ќе го загрози и остатокот од нашата голема нација. Направете голем гест на вашата нација останувајќи во домовите”.
Многу држави ширум светот прогласија вонредна состојба и ги ставија воените сили на улиците за да го запрат движењето на граѓаните.