Фудбал
Конте: Барса е фаворит во ЛШ, но има свои слабости
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изјави дека фудбалерите ќе треба одиграат „совршен натпревар“ против Барселона. Двата тима се среќаваат утре во дуел од 1/8-финалето на Лигата на шампионите, а „сините“ се домаќини во првата средба.
– Од една страна знаеме дека излегуваме против еден од најдобрите тимови во светот, кој е и фаворит да победи на турнирот. Од друга страна сме возбудени што имаме можност да играме толку голем натпревар против така силен состав и да процениме на кое ниво сме во моментот, рече Конте на редовниот прес пред мечот.
– За да ги победиме, треба да одиграме перфектен натпревар и да се обидеме да ги носиме најдобрите решенија. Тие се неверојатни кога ја држат топката во свои нозе, но имаат слабости, кога не играат со неа. Ние треба да го користиме токму тоа, додаде италијанскиот стручњак.
Двата тима последен пат се состанаа во Лигата на шампионите во 2012 година, а во полуфиналето Челзи победи со вкупен резултат 3:2. Потоа „сините“ го освоија и трофејот.