Фудбал
Конте: Ме советуваа да не прифатам да бидам тренер на Интер
Антонио Конте во едно интервју изјави дека кога ја добил понудата од Интер да биде нивен тренер, многумина го советувале да не ја прифаќа. Но, сепак како што вели тој, прифатил да биде тренер на овој италијански тим, поради тоа што тоа бил најголем предизвик за него во досегашната тренерска кариера.
Тренерот на Интер воедно додава дека работите почнале да се движат на подобро, пред се на менталитетот на играчите, но и сите во клубот. Како што вели тој доколку 10 години не освоите ништо, тогаш е нормално да паднете под лоши влијанија, но сега неговиот тим игра добро, бележи резултати и тој верува во успеси.