Connect with us

Фудбал

Конте на чекор до клупата на Премиерлигаш, го носи и директорот од Јувентус?!

Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо, кој што е познат по трансферите и дека е добро упатен, тврди дека довчерашниот тренер на Интер, Антонио Конте е на чекор до клупата на Тотенхем. Наводно тој ќе добие долгогодишен договор, потоа пари за засилувања, но и дозвола да го ангажира спортскиот директор на Јувентус, Паратиќи.

За Конте ова ќе биде кам-бек во Премиер лигата, ако секако се случи да биде постигнат договор, бидејќи претходно успешно го предводеше Челзи. Две сезони беше на клупата на „сините“ од Лондон, а во втората ја освои титулата и ФА Купот.