Connect with us

Фудбал

Конте нема да биде тренер на Тотенхем, англискиот тим се откажа откако ги слушна неговите барања

По освојувањето на шампионската титула со Интер, Антонио Конте малку фалеше па да стане тренер на Тотенхем. Велиме „малку фалеше“, бидејќи веројатно од тоа нема да има ништо, односно нема да се случи. Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем се откажал откако ги слушнал неговите барања. Конте барал да му се овозможи да донесе уште четири членови на стручниот штаб, голем буџет, но и три милиони поголема плата од онаа што ја добивал во Интер. Конте во Интер имаше годишна плата од 11 милиони евра, без бонуси, нето.
Но, од друга страна, ниту Конте не бил многу „загреан“ бидејќи информациите велеле дека најдобриот, Хари Кејн мора да замине, па Италијанецот бил убеден дека нема да му се овозможи веднаш да има тим кој би можел да освојува трофеји.