Connect with us

Фудбал

Конте: Скудетото си го посветувам себеси

Тренерот на Интер, Антонио Конте блескаше од среќа по триумфот во последното коло од Серија А против Удинезе од 5:1.

Тимот од Милано ја обезбеди титулата на четири кола пред крајот, а со победата против тимот од Удинеше стави крај на импресивната година. Тие славеа со 12 бода предност пред второпласираниот Милан.

„Ова беше совршен крај на совршената година. Игравме дури и против Удинеше како се да зависи од тој натпревар. Постигнавме 91 поен, постигнавме повеќе од 90 голови. Имаме најдобра одбрана, втор најдобар напад. Направивме нешто големо и убаво“ , рече Конте.

Италијанскиот стручњак беше државен првак и со Челзи и со Јувентус, но трофејот со Интер се издвојува како нешто посебно.

„Дојдов во Милано да ја прекинам доминацијата на Јувентус, кој беше шампион девет години по ред. Јас си направив голем притисок врз себе. И, сите заедно успеавме. Имав на располагање одлична група момци“, рече Конте и додаде дека: „Ова Скудето си го посветува на себе. Само јас знам што одев во изминатите две години“ .