Connect with us

Фудбал

Конте воведе нови правила: Се знае што им забранил на играчите на Тотенхем да јадат и пијат

Тотенхем на почетокот на месецов потврди дека Антонио Конте е нов тренер на лондонскиот клуб.

Италијанскиот стручњак е без работа неколку месеци откако го напушти Интер на крајот од минатата сезона.

Конте по 11 години чекање го освои Скудетото со Интер, но на изненадување на сите реши да го напушти клубот од „Меаца“ поради несогласувања со челниците на овој клуб.

На крајот не чекаше долго работа бидејќи пристигна понудата на Тотенхем која не можеше да ја одбие, па реши повторно да се обиде во Премиер лигата каде што претходно го водеше тимот на Челзи.

Конте на клупата на Тотенхем пристигна наместо Нуно Еспирита Санто, која по само четири месеци доби отказ поради лошите резултати.

Италијанскиот стручњак веднаш по пристигнувањето реши да воведе неколку нови правила, а англиските медиуми објавија дека вовел неколку правила во однос на исхраната на играчите.

Конте на тој начин решил да им забрани на своите играчи да јадат пица, но и кечап и кафен сос, а што се однесува до пијалоците, им забранил сите газирани сокови. Тие работи повеќе нема да бидат достапни во тренинг центарот на Тотенхем, особено не по натпреварите.

Во тимот беше традиција да се нарачуваат пици по натпреварите, но Конте веднаш го забрани тоа бидејќи тоа беше нешто што го правеше во секој тим што го водеше.