Connect with us

Фудбал

„Кориере дела Сера“: Роналдо го повторува истото на своите соиграчи

Кристијано Роналдо сака да го промени тимот, пренесуваат бројни италијански медиуми.

На изненадување на многумина, португалскиот репрезентативец остана на клупата за време на натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус на отворањето на новата сезона во Серија А. Роналдо дури подоцна беше уфрлен во игра од Алегри. Дуелот заврши нерешено (2:2).

На крајот од преодниот рок се активираше приказната за заминувањето на Роналдо од Јувентус, а странските медиуми веруваат дека тој ќе премине во ПСЖ бидејќи Парижаните до крајот на месецот би можеле да го продадат Килијан Мбапе на Реал Мадрид.

Се разбира, сето ова припаѓа на доменот на гласини, ништо не е доверливо, на крајот на краиштата, Роналдо неодамна ја прекина тишината на социјалните мрежи, а потоа јасно стави до знаење дека е уморен од сите овие приказни во медиумите.

„Покрај оваа последна епизода во Шпанија, имаше чести вести и приказни кои ме поврзуваа со голем број клубови во многу различни лиги, при што никој не се грижеше да се обиде да ја дознае вистината. Ја кршам тишината за да кажам дека нема да дозволам луѓето да си играат со моето име. Останувам фокусиран на кариерата и на мојата работа, посветен и подготвен за сите предизвици со кои треба да се соочам. Се друго? Се друго се само приказни“, заклучи напаѓачот на Старата Дама.

Но, од друга страна, Италијанците упорно го „мрдаа“ Роналдо и тврдат дека во ниту еден момент самиот играч отворено не рекол дека ќе остане во Јувентус, дури и во споменатата „експонираност“ на социјалните мрежи.

Според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Кристијано Роналдо се надева дека ќе најде нов клуб во овој преоден рок.

„До вторник, 31 август, неговиот агент ќе мора да му најде нов клуб, особено богат, бидејќи досега Роналдо заработувал астрономска неделна плата од 600.000 евра, што е дури 30 милиони евра годишно“, се вели во текстот на споменатиот медиум.

Тие додаваат дека Роналдо се уште е во соблекувалната кажувајќи им на своите соиграчи од Јувентус дека се надева дека ќе го смени тимот. „Кориере дела сера“ истакнува дека Роналдо чувствува дека нема статус на ѕвезда како порано во Јувентус и дека ова е една од причините што би заминал на друго место.

Доколку остане, Кристијано ќе мора да се навикне на својата нова улога во соблекувалната на Јувентус, каде повеќе нема да биде неприкосновена sвезда. Тој сепак ќе биде херој, но во сосема поинаква форма отколку во минатото. Алегри, кој ја има целосната поддршка од клубот, очекува дека Роналдо ќе научи да се снаоѓа сам и нема да игра секој натпревар.

Имајќи предвид дека Роналдо заработува огромна плата, малкумина можат да си го дозволат, а тоа се ПСЖ, Манчестер Сити, веројатно Јунајтед, па дури и Реал Мадрид …

Некои посакуваат да замине во ПСЖ и сметаат дека тоа е најдоброто нешто бидејќи тој ќе игра со Лионел Меси, но прашањето е дали тоа е реално. Инаку, Јувентус наводно е подготвен да го продаде Роналдо за околу 25 милиони евра, бидејќи ова е последна година од неговиот договор.