Connect with us

Фудбал

Короната го „покоси“ Манчестер Сити

Манчестер Сити потврди дека дури 21 член е заразен со коронавирус.

Имињата не се познати, но познато е дека меѓу позитивните се 14 членови на стручниот штаб и вработени во клубот, како и седум првотимци.

Сепак, Манчестер Сити ќе игра за викенд против Свиндон во ФА Купот.

Следниот првенствен натпревар Сити го игра на 15 јануари против Челзи, а колку ќе има на располагање останува да се види за девет дена.

Натпреварот Свиндон – Сити е закажан за петок од 21.00 часот.