Connect with us

Фудбал

Коронавирус во репрезентацијата на Германија

Стоперот на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Никлас Зуле нема да игра на последните два натпревари во квалификациите за Светското првенство. Тој беше позитивен на корона во понеделникот, пренесува германски „Билд“.

Германските медиуми во вторникот наутро пишуваа дека еден играч во германскиот тим ќе мора да биде изолиран поради инфекција со коронавирус, а не беше наведено за кого се работи додека „Билд“ не ги објави своите наоди. Станува збор за стоперот Никлас Зуле, кој беше позитивен на редовниот тест во понеделникот вечерта.

Тој веднаш е изолиран од остатокот од тимот, а сега ќе биде во карантин додека не биде негативен. Инаку, стоперот на Баерн нема симптоми и претходно бил вакциниран.

„Оваа вест е горчлива пред последните два натпревари за тренерите како и за целиот тим, но здравјето е на прво место“, изјави функционерот на германската федерација, Оливер Бирхоф.

Германија во последните два натпревари во квалификациите играше со Лихтенштајн и Ерменија, а со оглед на тоа што имаат осум бода предност пред второпласираната Романија, дуелите не се претерано важни бидејќи „панцерите“ веќе обезбедија пласман во Катар.