Connect with us

Фудбал

Корпа за Барса од Кристенсен

Дефанзивецот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Андреас Кристенсен, нема да ги засили редовите на Барселона за време на зимскиот преоден рок, објави „Дејли мејл“.

Данскиот фудбалер ќе остане до крајот на сезоната во тимот на „сините“ од Лондон, така што каталонскиот гигант ќе мора да почека за негов ангажман најмалку до следното лето.

Претходно интерес за Кристенсен покажа и италијанскиот калчо гигант Милан. Во тековната сезона, Данецот играше само на еден натпревар од англиското првенство, а на 10 беше на резервната клупа.