Фудбал
Кошмарот на Ливерпул не запира: Оваа информација не ја паметат ниту најстарите навивачи на „Редсите“
Ливерпул е во сериозна криза.
„Црвените“ добија нов „шамар“ синоќа, кога Барнли славеше со резултат 0:1, ставајќи крај на речиси четиригодишната серија на Ливерпул без пораз на „Енфилд“.
Тоа не му падна толку тешко на навивачите, колку за фактот дека се близу до уште еден негативен рекорд оваа сезона.
Имено, Ливерпул нема постигнато гол во Премиер лигата точно во последните 440 минути на последните пет натпревари. Дури и најстарите навивачи на гигантот од „Енфилд“ не паметат вакво нешто.
Навистина неверојатен факт кога ќе размислите каков напад имаат „црвените“ со Салах, Фирмињо и Мане.
Во следната рунда ги чека дерби со Тотенхем, кој доаѓа во најлош можен момент за тимот на Клоп, но и натпревари каде би можеле да го променат овој негативен ритам со евентуален триумф.