Фудбал
Косово без најдобриот против Македонија, напаѓачот на Лацио заразен со Ковид 19
Италијанскиот тим Лацио потврди дека нивниот нов напаѓач е заразен со Ковид 19 и дека нема да биде во можност да настапува до средината на октомври, односно ќе биде во изолација. Тоа значи дека селекцијата на Косово против Македонија во Скопје во баражот во Лига на нации ќе игра без најдобриот.
Македонија и Косово играат на 8-ми октомври во рамките од полуфиналната пресметка од Лигата на нации. Доколку Македонија слави тогаш ќе ги чека подобриот од Белорусија и Грузија во финалето.