Connect with us

Фудбал

Косово од Катар добива на подарок цел стадион?!

По Мундијалот во Катар, Фудбалскиот сојуз на Косово би можел да го добие на подарок стадионот 974, пренесуваат странските медиуми.

Стадионот 974 е изграден од транспортни контејнери и модуларен челик, а по завршувањето на првенството ќе биде дониран на една од земјите-членки на ФИФА. Очигледно еден од главните кандидати за добивање на првиот преносен стадион е Фудбалскиот сојуз на Косово.