Фудбал
Ковач: Се справивме добро и покрај притисокот
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач ги поздрави своите играчи за нивниот настап против Волфсбург на натпревар во Бундеслигата, кој баварците го добија со 3:1. Успехот дојде по серија негативни резултати, кој го однесе тимот до седмото место.
– Честитки за тимот. Бевме под притисок. Сакавме сите да бидат целосно фокусирани и за тие 90 минути да дадат се за клубот. Момчињата се справија многу добро. Нашата победа беше целосно заслужена, изјави Хрватот по мечот.
Репрезентативецот на Германија, Џошуа Кимих исто така забележа подобрување на перформансите на тимот.
– Овој натпревар беше добар начин, за да покажеме дека сме обединети како колектив, изјави тој.
Трите бода кои ги освоија Баерн ги одведоа на второто место на табелата, барем до крајот на натпреварот Вердер Бремен – Шалке 04.