Connect with us

Фудбал

„Коваќ не е виновен, тој работи од утро до мрак“

Баерн Минхен се наоѓа во резултатска криза. На Баварците не му оди баш најдобро, а тоа на сите ни е јасно. Нико Коваќ не стартуваше најдобро во новата сезона, па многумина токму во него го гледаат виновникот за лошите резултати.

Сепак, доби поддршка од клубот, поточно од претседателот Ули Хенес кој кажа дека целиот клуб стои зад Коваќ.

Легендата на Баерн Лотар Матеус ја прокоментира состојбата во редовите на Баварците, односно лошата игра во новата сезона. Според неговото мислење, виновник не е Хрватот, туку челниците на клубот, веројатно мислејќи на Хенес, Румениге и Хасан Салихамиџиќ.

„Она што Баерн го покажа во саботата беше нешто најлошо што сум го видел, но за тоа не е виновен Коваќ. Тој работи од утро до мрак, но во текот на летото не го освежиа кадарот со нови играчи. Тоа е грешката поради која сега бележат лоши резултати“, јасно кажа Матеус.

Баерн после седум кола во Бундеслигата се наоѓа дури на шестатаа позиција.