Фудбал
Коваќ признава: Не би досудил таков пенал
Баерн синоќа го совлада Хофенхајм во 1. коло од новата сезона во Бундеслигата.
Победата на Баерн е заслужена, но сите, па дури и тренерот на „Баварците“ Нико Коваќ сметаат дека пеналот кој е досуден за неговиот тим е непостоечки.
Судијата Бастиан Данкерт десет минути пред крајот на натпреварот покажа на белата точка. откако Рибери падна во шеснаесетникот после стартот на Нордтвеит. Очигледно е дека немаше никаков контакт, па дури ни ВАР не му помогна на Хофенхајм.
„Јас не би досудил пенал во оваа ситуација“, признава Ковачиќ, додека тренерот на Хофенхајм беше навистина лут поради сето она што се случи.
„Пенал немаше. Зошто служи ВАР ако не ги исправува ваквите кардинални грешки на судиите? Што прават луѓето задолжени за ВАР, зошто ги плаќаме, како и 14 екрани на кои го гледаат натпреварот?“.