Фудбал
Ковчегот со телото на Пеле пристигна на стадионот на Сантош, илјадници фанови се простуваат од „Кралот на фудбалот“
Пеле (82) за жал почина по долга и тешка битка со ракот, а од него многумина се простуваат. И познатите и луѓето од светот на спортот и фудбалот пред се, како и навивачите и сите оние на кои тој нешто им значеше. Неговиот ковчег пристигна на стадионот Сантос и таму се собраа неколку илјади луѓе.
Се уште не е познато дали на сите ќе им биде дозволено да се приближат до ковчегот и да се простат од Пеле или ќе можат само да влезат на стадионот и да му оддадат почит на легендарниот бразилски фудбалер. Она што може да се види на фотографиите е дека ковчегот е поставен во центарот на стадионот на бразилскиот клуб и дека одредени луѓе веќе дошле да се простат од него.
На стадионот има неколку огромни транспаренти со неговите фотографии. „Да живее кралот“, гласи едно, заедно со неговото име и бројот на години. Во тој клуб играше 18 години, од 1956 до 1974 година, а кариерата ја заврши во Њујорк Космос. Погледнете како изгледа сето тоа на стадионот: