Connect with us

Други спортови

Крај на сезоната за Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека сезоната за него е завршена.

Надал го пропушта УС Опен, но и други турнири до крајот на годината поради повреда на стапалото.

“Здраво на сите, сакам да ве известам дека за жал нема да играм повеќе оваа сезона. Искрено, имав премногу проблеми со повреда на стапалото во последната година и морам да паузирам”, рече Надал на Твитер.

“Откако разговарав со моето семејство и тим, ја донесов оваа одлука. Пропуштив многу важни натпревари оваа година, како Вимблдон и Олимпијадата”, додаде Шпанецот.

Долго време страдаше од повреда на стапалото, но Рафа не се откажува и вели дека ќе направи се за да биде подготвен за 2022 година.