Фудбал
Крај за легендите на Јувентус?
Торинскиот Јувентус сè уште не понудил континуирана соработка со легендите на клубот Џанлуиџи Буфон и Џорџо Киелини.
Според Sky Italia, управата на торинскиот гигант не му понудила на искусното дуо да ја продолжи соработката и не се очекува тоа да се случи до крајот на сезоната.
Тоа ќе значи заминување на Буфон и Киелини од редовите на Старата дама, а клубот во иднина ќе се сврти кон помладите опции.
Буфон (43) одигра 681 натпревар за Јуве, додека Киелини играше 526 пати за Старата дама.
Двајцата ги освоија скоро сите трофеи во дресот на великанот од Торино, но недостасуваше најважниот, Лигата на шампионите.
На Киелини претходно му беше понудена улога во клубот, а ќе видиме дали и Буфон останува дел од тимот.