Connect with us

Фудбал

„Кралевите“ не се откажуваат – Испратиа нова понуда за Азар

Раководството на Реал Мадрид одлучи да испрати уште една, последна понуда за фудбалерот на Челзи Еден Азар.

Иако англиските медиуми во претходните неколку денови објавиле дека Азар останува член на „Плавите“ од Лондон кои му понудиа нов договор, Реал сепак во финишот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Во наредните денови „Кралевите“ ќе ја испратата официјалната понуда. Тоа ќе биде последна со која ќе биде испратена на адреса на лондонскиот клуб и сигурно дека таа ќе биде масивна.

Навивачите на Реал бараат засилување, исто како и тренерот Лопетеги. Моменталниот состав по заминувањето на Кристијано Роналдо не влева некоја голема доверба и сите сакаат големи имиња на „Сантијаго Бернабеу“.

Дали понудата на Реал ќе биде доволна за Челзи на крајот да го пушти Азар останува да видиме во наредните десеттина денови, а Азар има актуелен договор со „Плавите“ до 2020. година.