Connect with us

Фудбал

Крамариќ прва зимска аквизиција

Хрватскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, Андреј Крамариќ, најверојатно ќе биде прв зимска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем.

 

Англиските медиуми открија дека менаџерот на “чеканите”, Мануел Пелегрини, побарал од клупските челници да испратат официјална понуда за репрезентативецот на Хрватска.

Големата желба на Пелегрини може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Крамариќ не биде помала од 20 мил. фунти.