Connect with us

Ракомет

Криштопанс од следната сезона во ПСЖ

Десниот бек на македонскиот ракометен шампион Вардар, Даинис Криштопанс од следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ каде тренер е Раул Гонзалез.

Според порталот Handball-Planet.com, Криштопанс во ПСЖ ќе биде замена за Хрватот Лука Степанчиќ кој не се снајде најдобро во парискиот тим на позицијата која ја дели со еден од најдобрите француски ракометари – Недим Ремили.

За 28-годишниот Даинис Криштопанс реализацијата на овој трансфер ќе биде продолжување на соработката со Раул Гонзалес со кого работеше и кога дојде во Вардар од Мешков Брест во 2017 година.