Connect with us

Фудбал

Кристијан Ериксен би можел да ги изненади сите со нов трансфер, но мора да се согласи на помала плата

Кристијан Ериксен е отпишан во Интер и тој ќе направи трансфер во следните неколку дена.

Данецот не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“. Антонио Конте едвај ги користи неговите услуги и веќе е објавено дека е на продажба.

Одличниот играч за врска се поврзува со многу тимови. Многу се зборуваше за ПСЖ и Арсенал, но сега во игра се приклучи и неговиот поранешен клуб Тотенхем за да го донесе.

Жозе Мурињо го сака повторно во тимот. Сепак, за тоа да се случи, Ериксен ќе мора да ги намали барањата за плата, а тоа во моментов ги отежнува преговорите меѓу двете страни.

Неговата моментална плата во Интер е дури 229.000 фунти неделно. Тотенхем не сака да му плати толку многу и доколку сака да врати ќе мора значително да ги намали своите приходи.

Ериксен играше за Тотенхем од 2013 до 2020 година. Тој играше 305 пати за лондонскиот клуб и постигна 69 погодоци.