Connect with us

Фудбал

Кристијано го прекрши законот поради Георгина и може да биде казнет

Кристијано Роналдо не играше за Јувентус на натпреварот од Купот на Италија против СПАЛ.

И без него Јуве лесно го совлада ривалот (4:0), а Кристијано вчера се одмори со Георгина на скијачката патека.

Неговата избраничка вчера го прослави својот 27-ми роденден, а парот реши да оди на скијање во Курмајер.

Сепак, Роналдо го прекрши законот усвоен од италијанските власти за време на пандемијата на коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrisginaBrasil (@crisginabrasil)

Тој отиде во портокаловата Ковид зона, што не е дозволено со закон, па Кристијано може да има проблеми со италијанските власти.

Истрагата е веќе започната и ќе видиме дали властите ќе го казнат еден од најдобрите фудбалери во светот.