Фудбал
Кристијано Роналдо не доаѓа на доделувањето на Златна топка
Кристијано Роналдо нема да се појави на доделувањето на Златната топка на 29 ноември во Париз.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед се најде на листата од 30 номинирани играчи, но нема да биде прогласен за најдобар во светот.
Бидејќи не е во потесниот избор за наградата, Кристијано одлучи да ја пропушти церемонијата и нема да биде во Париз на 29 ноември.
Кристијано Роналдо пет пати ја има освоено Златната топка. Последен пат беше најдобар во 2017 година, а пред него е само Лионел Меси со шест освоени Златни топки.
Се уште не е познато кој ќе ја добие наградата за најдобар светски фудбалер за оваа година, но најголем фаворит е полскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Покрај него, на награди се надеваат и фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси и легендата на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Сепак, името на победникот ќе го дознаеме на 29 ноември и сите љубители на фудбалот ќе мора да бидат трпеливи уште неколку дена.