Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо во Баерн Минхен, дали е реално?!

Интервјуто на Кристијано Роналдо во кое се нафрли на Манчестер Јунајтед привлече огромно внимание кај фудбалската јавност пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Нема сомнеж дека за неговиот статус во тимот уште повеќе ќе се разговара по завршувањето на Мундијалот, а англиските медиуми веќе почнаа да лицитираат каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата.

Дејли Мејл објави дека неговиот агент Жорге Мендеш се сретнал со челниците на Баерн во Англија за да разговараат за потенцијална соработка.

Баварскиот клуб во минатото беше поврзуван со Роналдо, но негативни одговори стигнаа од клубот поради сомнеж дека фудбалерот може да ја наруши атмосферата во соблекувалната.

Јасно е дека Баерн сега се предомисли, особено по повредата на Садио Мане и сака уште еден голем адут во трката за сите трофеи оваа сезона.