Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо заработува повеќе од четири италијански клубови заедно

Кристијано Роналдо (35) е најплатениот фудбалер во Италија. Пред неколку дена Газета дело Спорт ги објави сите плати, а Португалецот со 31 милион евра годишно е убедливо на првото место. Сепак, она што е интересно е тоа што неговата годишна плата од 31 милион е поголема од заработката на четири италијански клубови заедно. Станува збор за Удинезе, за кој настапува нашиот Илија Несторовски, потоа Верона, Специја и Кротоно.

Роналдо е далеку најплатен во Јувентус. Втор зад него со далеку помала плата е Де Лихт со осум милиони евра, а трет најплатен во Серие А е напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку со 7,5 милиони евра.

Најплатен тренер во Италија е Антонио Конте со 12 милиони евра годишно, далеку зад сите останати.