Други спортови
Кристоферсен славеше во слаломот во Шамони
Хенрик Кристоферсен беше најдобар и во двете возења од слаломот во Шамони и на крајот заслужено стигна до победата.
Кристоферсен дојде до победата со време 1: 37,81, а второпласираниот Рамон Зенхаузерн заостана 28 стотинки од него. Подиумот го комплетираше Сандро Симонет.
Водечки во генералниот пласман во слалом, Марко Скарц беше шести денес и сега има 589 девет бода, 146 повеќе од Зенхаузерн.
Французинот Алексис Пинтауро со 924 поени сепак има убедливо водство во генералниот пласман. Втор е Шаварц со 666 поени, и третопласираниот Швајцарец Марко Одермат со 607 поени.