Connect with us

Фудбал

Криза во српскиот фудбалски табор: Репрезентативци во бунт против селекторот

Неполни 12 часа по елиминацијата на репрезентацијата на Србија од Европското првенство, српските таблоиди јавуваат за бунт во редовите на тимот против селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Извори од Србија тврдат дека познати играчи како Душан Тадиќ, Александар Митровиќ и браќата Милинковиќ-Савиќ изразиле незадоволство и отворено го критикувале стилот на водење на селекторот.

Според објавите, Тадиќ бил особено разочаран од одлуката да не започне како стартер во клучните натпревари, што дополнително го загорчило неговиот став. Митровиќ, од своја страна, изразил фрустрации поради недостаток на ефективност во нападот и тактичките одлуки на селекторот.

Тензиите достигнале врв кога и младиот Вања Милинковиќ-Савиќ, иако клучен играч во квалификациите, на Европското првенство бил запоставен во корист на Рајковиќ, кој пак, се придружил на бунтот против Стојковиќ.

Денешното враќање на тимот во Белград се очекува со напната атмосфера, а јавноста и фановите со нетрпение ги очекуваат одговорите на фудбалската федерација на Србија за иднината на националниот тим и селекторот.