Connect with us

Фудбал

Крос: Рамос воопшто не е агресивен фудбалер

Серхио Рамос сe уште е под напад на фудбалска јавност, кои го обвинија дека намерно го повреди Мохамед Салах во финалето на Лигата на шампионите.

Салах се уште се опоравува од повредата на рамото, но треба да биде подготвен за Светското првенство. Египќанецот со солзи го напушти теренот во 30. минута во финалето на Лигата на шампионите, по повредата на рамото во дуелот со Рамос.

Рамос вчера изјави дека тој не е виновен за повредата на Салах и дека е точно тоа дека не го направил намерно. Дефанзивецот на Реал дури и рекол дека Сала можеше да го продолжи натпреварот и дека сакаше да ги налути навивачите на Редс, а во одбрана на Рамос застана, Тони Крос.

“Сигурен сум дека Рамос немаше намера да му наштети Салах. Дури и судијата не досуди фаул бидејки не виде нишето нерегуларно во тој дуел. Тој не е агресивен играч и јас сум горд што е капитен на Реал Мадрид”, рече Крос.