Connect with us

Фудбал

Крос го нападна Озил: Зборуваш глупости!

Тони Крос се налути на Месут Озил и рече дека играчот од средниот ред на Арсенал зборува глупости.

Озил ја напушти германската репрезентација поради притисокот кој го имаше откако се фотографираше со турскиот претседател Ердоган.

„Додека имам чувство на расизам и непочитување, нема што да правам во дресот на Германија. Некогаш играв со гордост за германија, но сега веќе не. Не ги почитуваат моите турски корени, Германец сум кога победуваме, имигрант кога губиме. Расизамот никогаш не би требало да биде прифатен. Зошто сум јас Германец – Турчин, а Мирослав Клосе и Лукас Подолски не се Германци – Полјаци? Затоа што сум од Турција? Затоа што сум муслиман?“, рече Озил.

Неговиот близок соиграч од репрезентацијата и играч од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос смета дека тоа се глупости.

„Дел од она што Озил го напиша во соопштението е точно адресирано, но тоа остана во сенка на глупостите кои ги напиша за расизамот. Во Германската репрезентација не постои расизам и мислам дека и самиот Месут знае дека е така“, кажа Крос.