Connect with us

Фудбал

Крос: Некои луѓе во Германија очигледно сакаат да испаднеме

Тони Крос смета дека германската репрезентација е премногу критикувана и дека некои луѓе во Германија очигледно сакаат да испаднат уште во групната фаза.

Не им беше лесно на Германците на полувремето од натпреварот против Шведска, затоа што губеа со 1:0, а со поразот од Мексико во 1. коло, тоа би значело и крај за нив. Меѓутоа, тие не се откажаа до самиот крај.

Постигнаа гол во почетокот на второто полувреме за 1:1 (Ројс), а потоа во 95. минута Тони Крос од слободен удар постигна преубав гол за победа на Германија.

„Први примивме гол, но кога ќе размените 400 пасови тогаш заслужувате да победите. Бевме подобри на теренот и заслужено стигнавме до победа, но беше многу, многу тешко“ рече Крос, па се осврна на критиките кои се неизбежни по поразот од Мексико.

„Многу не критикуваа. Понекогаш се чини дека некои луѓе во Германија сакаат да испаднеме, но не е лесно да се играат вакви натпревари и со толку голем притисок“, додаде Крос.