Connect with us

Фудбал

Крстајиќ: Примивме наивен погодок

Србија со поразот од Швајцарија со 2:1 си ја отежна борбата за пласман во нокаут фазата на Мундијалот, и сега му останува тежок натпревар во последното коло од групната фаза против Бразил.

По завршувањето на натпреварот изјава даде селекторот на Србија, Младен Крстајиќ.

„Добро го отворивме натпреварот, знаевме дека не чека тежок дуел. Имаше доста добри напади на двете странии првото полувреме беше такво какво што сакавме“ рече Крстајиќ за „РТС“ и додаде:

„Во продолжението, рано примивме гол, навистина наивен, и потоа натпреварот доби нов тек. Пробавме да ризикуваме во последните десет минути, кога во заменивме везниот играч со офанзивен, и да го добиеме натпреварот, со обзир дека знаеме дека играме со Бразил во последното коло“.